За вработување дипломец субвенција од 13.000 денари

Bez autora
Feb 13 2014

Агенцијата за вработување вчера го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година. Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години, кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од буџетот на Република Македонија. Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто-плата од 13 илјади денари.

За вработување дипломец субвенција од 13.000 денариАгенцијата за вработување вчера го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година. Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години, кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од буџетот на Република Македонија.

Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто-плата од 13 илјади денари.

- Околностите наметнуваат постојано да се размислува за нови начини со кои за секоја категорија на невработени лица ќе се отвораат можности за вработување. Не постојат инстант-решенија, ниту еднократно решение на овој долгорочен проблем. Но, наша задача е системски да ја намалиме невработеноста, а невработените лица да вложуваат во себе постојано и да ги прифаќаат можностите што им ги нуди државата - рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Освен ова, вчера беа објавени и огласи за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и обука за занимањата што се бараат на пазарот на трудот од сообраќајната струка.

Со огласот за првата мерка ќе бидат опфатени околу 170 лица, активни баратели на работа на возраст од 50 до 59 години, млади лица до 29 години со завршено основно или средно образование и долгорочно невработени лица. За реализација на мерката се одвоени 9 милиони 537 илјади денари од буџетот на Република Македонија.

Обуката ќе трае до три месеци, а работодавачот ќе има обврска да вработи со полно работно време најмалку 50 проценти од тие што ќе бидат вклучени во обуката. Невработеното лице ќе зема месечен надоместок од 5.700 денари со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршувањето на обуката, ќе биде обезбедена субвенција за бруто-плата на невработеното лице од 13 илјади денари, а работодавачот ќе мора да го задржи на работа во следните 12 месеци додека трае субвенцијата или на негово место да вработи друго невработено лице.

Со обуката за занимања од сообраќајната струка ќе бидат опфатени 30-ина лица, кои ќе стекнат право да полагаат возачки испит за Д-категорија, односно за автобус, по што ќе имаат можност да се вработат кај превозници што имаат потреба од ваков кадар.

Пилот-мерка

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека се работи за пилот-мерка и оти во зависност од интересот на невработените и на работодавачите ќе се види дали ќе се прошири опфатот.

Досега во Агенцијата за вработување се регистрирани 97.852 активни и 122.940 пасивни баратели на работа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik